Реал Мадрид нема да се откаже од потписот на Халанд

Ерлинг Халанд посакува со Норвешка да игра на Европско и Светско првенство/фото: EPA-EFE/Javad Parsa

Ерлинг Халанд направи договор со Манчестер сити во која е вклучена излезна клаузула. Реал Мадрид веќе знае колку ќе треба да плати за да го доведе Норвежанецот од Сити, клубот кој пред два месеци го ангажираше поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Норвешкиот напаѓач беше на агендата на „кралскиот“ клуб како една од неговите приоритетни цели, веднаш зад Килијан Мбапе, но на крајот триумфираше финансиската и спортската понуда на „граѓаните“.

– ХАЛАНД ИМА ОТКУПНА КЛАУЗУЛА

Манчестер сити го откупи Халанд од Борусија за 60 милиони евра, без бонуси и провизии. Имено, толку беше откупната клаузула. Менаџерите на Халанд секогаш ставаат откупна клаузула во неговите договори. Истото го направија и со Сити. Халанд потпиша договор до 2027 година, но тоа не значи дека не може да се пресели во друг клуб.

Според информациите на „Марка“, адвокатот на играчот и десната рака на покојниот агент на Мино Раиола, Рафаел Пимиенто, успеале да вметнат дополнителни клаузули за Халанд да има шанса да го напушти „Етихад“ пред крајот на договорот доколку така одлучи.

– „КРАЛЕВИТЕ“ ЌЕ БАРААТ ЗАМЕНА ЗА БЕНЗЕМА

Овие клаузули би можеле да се активираат во јули 2024 година или во истиот месец од 2025 година. Во 2024 година излезната клаузула ќе биде 200 милиони евра, а една година подоцна сумата малку би се намалила, на 175 милиони.

Една од причините зошто Реал не го реализираше трансферот на Халанд, а воедно го има Карим Бензема, кој ја одигра најдобрата сезона во кариерата и е главен фаворит за „Златната топка“. За две години, кога Французинот ќе има 36 години, ситуацијата би можела да биде значително поинаква. Тогаш можно е Реал да тргне по потписот на одличниот норвешки напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот