Реал Мадрид не успеа да се договори со Серхио Рамос!?

Серхио Рамос/фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос дефинитивно го напушта Мадрид, кога неговиот договор ќе истече на 30 јуни 2021 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Со наслов: „Готово е, Рамос си заминува“, беше објавено дека двете страни не успеаја да постигнат договор и затоа ќе има разделба по 16 години, бидејќи клубот води политика да не нуди договори за играчи постар од 30 години повеќе од една година и не сакаше да го смени тоа дури и во случајот на Рамос.

На Рамос му беше понуден договор на уште една година за плата од 10.800.000 евра, што е за 10 проценти помалку од тековниот приход. Капитенот дури побара двегодишен договор со 12.000.000 годишна плата, што Реал го одби неколку пати.

Не помогна тоа што фудбалерот лично разговараше со капитенот на тимот. Рамос пристигна во Мадрид во 2005 година од Севиља и оттогаш ги освои сите можни трофеи со Реал.

Во март полни 35 години, а за неговите услуги се заинтересирани клубовите ПСЖ, Ливерпул, Јувентус, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот