Реал Мадрид ќе го претстави Мбапе како Роналдо во 2009 година, познато и кога

Фото:. EPA-EFE/Caroline Blumberg

Реал Мадрид денеска објави кога ќе биде промоцијата на Килијан Мбапе. Трансферот на францускиот голгетер, Реал Мадрид го потврди пред почетокот на Европското првенство, а сега е потврдено дека промоцијата ќе се случи на 16. јули.\

Два дена по завршувањето на Европското првенство Реал Мадрид на „Бернабеу“ спектакуларно ќе го претстави Мбапе и се очекува трибините да бидат исполнети до последното место.

Најавите се дека сликата ќе биде иста како во 2009 година кога Реал Мадрид пред 80.000 гледачи го претстави Кристијано Роналдо. Мбапе по претставувањето ќе замине на одмор и нема да патува со тимот на турнејата низ САД.

Првиот официјален натпревар за Французинот во дресот на „кралевите“ се очекува да биде Суперкупот против Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот