Реал Мадрид ќе прави дрим-тим со 600 милиони евра

Претседателот Флорентино Перез не е задоволен од игрите на екипата и подготвува фудбалски земјотрес во наредните два преодни рока. Угледниот „Дон Балон“ пишува дека Реал Мадрид е подготвен да даде дури 600 милиони евра за нови засилувања.

Проблемите со одбраната, Перез планира да ги реши со ангажман на фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и на Калиду Кулибали од Наполи. „Дон Балон“ пишува дека во летниот преоден рок, Перез ќе тргне по Кулибали и е подготвен освен одредена сума на пари во Неапол да го прати и Лука Модриќ.

Средниот ред треба да биде освежен со Нголо Канте од Челси и Пол Погба од Манчестер јунајтед. Тешко е дека менаџерот на Челси, Френк Лампард ќе се откаже од услугите на Канте среде сезона, но се очекува во јануари конечно да се реализира трансферот на Пол Погба. Реал Мадрид летово се обиде да го купи Погба, но Јунајтед ги одби сите понуди.

Перез планира комплетен ремонт на нападот и да донесе дури четири екстра засилувања.
Највисоко на листата на желби на Перез но и на тренерот Зинедин Зидан се наоѓаат имињата на двоецот од Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах.

Доколку не успее да се договори со Ливерпул, Реал ќе тргне по Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал. Деновите медиумите во Англија и во Шпанија, објавија дека понудата е подготвена, освен пари за Обамејанг, „кралевите“ се подготвени во Лондон да го испратат летното засилување Лука Јовиќ.

Последно име на списокот на Перез и тоа на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо кој би чинел околу 120 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот