Реал Мадрид има резервен план доколку не дојде до Мбапе, негова замена ќе биде соиграч на Елмас

Нигерискиот фудбалер на Наполи, Виктор Осимен/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Реал Мадрид не успеа во последните денови од летниот преоден рок да го донесе Килијан Мбапе бидејќи ПСЖ одби да ги разгледува понудите, а како одминува времето се зголемува и неизвесноста дали овој трансфер може да се реализира и затоа Флорентино Перез бара алтернативи.

Мбапе идното лето ќе стане слободен играч, но тоа не значи дека сигурно ќе си замине од ПСЖ и ќе го оствари сонот да го облече „кралскиот“ дрес.
Управата на ПСЖ врши голем притисок врз Мбапе да потпише нов договор, а последниот адут им е Зинедин Зидан кој се почесто се споменува како наследник на Маурисио Покетино. Токму Зидан е идол на Мбапе и во ПСЖ се надеваат дека со евентуалното поставување на популарниот Зизу за тренер, тогаш младиот фудбалер може и да одлучи да остане.

Нормално, голема улога би имале и парите, богатите сопственици на ПСЖ му нудат на Мбапе договор според кој годишно би заработувал 50 милиони евра со бонуси.
Поради тоа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува за нови решенија доколку не успее да го донесе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Според „Газета дело Спорт“, највисоко на листата на желби на Перез се наоѓа напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Осимен кој игра заедно со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, во првите шест кола во Серија А постигна шест гола и има една асистенција.

Перез ќе мора добро да плати доколку го сака Осимен бидејќи Наполи нема така лесно да се откаже од играчот за кого платија 70 милиони евра минатото лето.
Исто така Реал и Перез може да имаат голема конкуренција во Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и ПСЖ кои исто така подготвуваат понуди за Осимен.

„Газета дело Спорт“ пишува дека заинтересираните екипи ќе мора да платат повеќе од 100 милиони евра обесштетување, а нема да биде изненадување доколку биде соборен рекордот за трансефр во Серија А кој сега е во сопственост на Ромелу Лукаку од 115 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот