Реал Мадрид и Барселона во трката за потписот на Елмас

елиф елмас македонска фудбалска репрезентација
Елиф Елмас, лидерот на македонската А репрезентација / EPA-EFE/NAKE BATEV

Елиф Елмас (22) уште еднаш блесна во дресот на македонската А репрезентација постигнувајќи два голови против Исланд за пласман во мундијалскиот бараж.

Играчот на Наполи или нашиот фудбалски „Дијамант“ потврди зошто е најголемата македонск надеж и дека тој е предводникот на А селекцијата. Секако, освен во Македонија, и италијанските медиуми со големо внимание ги следат настапите на Елмас кој постепено се развива во еден успешен професионален фудбалер.

Ја има довербата и кај тренерот на „наполитанците“, Лучано Спалети под чие раководство исто така добро се развива како играч. Може да игра на многу позиции, фудбалер за врска во нападот, во средниот ред, како крило, а противничките одбрани не знаат од каде ќе нападне Македонецот.

Има договор со клубот од Неапол до 30 јуни 2025 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 17 милиони евра. Според италијанскиот медиум „ТМВ“, најголемите шпански гиганти Реал Мадрид и Барселона се подготвени да се борат за потписот на Елмас.

Карло Анчелоти кој веќе ги знае квалитетите на Елмас би можел да го ангажира во „кралскиот“ клуб, но и легендата на Барса, Чави е голем обожавател на нашиот репрезентативец. Од Наполи засега немаат намера да го продаваат фудбалерот и се среќни што го имаат во своите редови.

Милевски: Овие фудбалери имаат потенцијал за поголеми работи