Реал Мадрид го следеше примерот на Барселона, им ги намали платите на фудбалерите

twitter/uefa

„Кралскиот клуб“ не остана имун на кризата и одлучи да го следи примерот на најголемиот ривал, Барселона, и да го намали платите на своите фудбалери.

За разлика од Барселона каде кратењето е дури 70 проценти од платите, во Реал Мадрид се одлучија да драстично помало намалување, од 10 до 20 проценти.

Управата на „кралскиот“ клуб објави дека е постигнат договор, намалувањето на платите поради кризата со коронавирусот, да изнесува 10 проценти со што клубот ќе заштеди 28 милиони евра.

Исто така е договорено, доколку сезоната не се доигра, платите да се скратат за дополнителни 10 проценти.

Еден од играчите кои негодуваше на ваквиот потег на управата е Тони Крос кој со изјавата за медиумите го навлече бесот на јавноста.

Крос смета дека не треба да се кратат платите на фудбалерите бидејќи така парите остануваат во клубовите, тој смета дека играчите треба да ја добиваат целата сума, а потоа тие да одвојуваат средства за хуманитарни цели.

Противник сум на намалувањето на платите поради кризата со коронавирусот. Мислам дека треба да ја добиваме целата плата и потоа сами да одлучуваме на кого да донираме за да помогнеме. Намалувањето на платите како што го направија во Барселона е бескорисно бидејќи тоа е донација за клубот, а не за болните или погодените лица од кризата – изјави Крос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот