Реал Мадрид го промовираше Лука Јовиќ (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Реал Мадрид го промовираше Лука Јовиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Откако успешно ги помина лекарските прегледи во Мадрид, српскиот напаѓач Лука Јовиќ официјално потпиша за шпанскиот великан Реал.

Договорот на Јовиќ ќе трае шест години, а Ајнтрахт Франкфурт од трансферот ќе заработи 60 милиони евра плус можноста за одредени бонуси.

Третина од споменатиот износ ќе му припадне и неговиот поранешн клуб Бенфика со која до пред два месеци беше под договор.

– Јас сум најсреќен човек на светот. Убеден сум дека донесов вистинска одлука и се надевам дека ќе му помогнам на Реал да освои уште многи титули – рече Јовиќ.

Минатата сезона одигра 48 натпревари за германскиот клуб, запиша 27 голови и седум асистенции.

Наскоро се очекува промоција на уште една голема кралска „ѕвезда“, Еден Азар кој доаѓа од редовите на Челзи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close