Реал Мадрид го гледа „спасот“ во Манчестер!?

Реал Мадрид втора година по ред се мачи, во текот на изминатиот викенд претрпе пораз од Мајорка, не успеа да постигне ниту гол против повратникот во „Ла Лига“. Остана без бодови поради погодокот кој го примија уште во седмата минута.

Зидан е под голем притисок, првиот човек на „кралскиот“ клуб веќе е нетрпелив и се шпекулира дека би можел да се врати поранешниот стратег на мадридскиот гигант, Жозе Мурињо.

Најголемиот проблем на Реал се наоѓа во средниот ред, во текот на летниот период Зидан во централниот дел од теренот ги посакуваше Пол Погба и Кристиан Ериксен, но францускиот тренер не веруваше дека Данецот може да му помогне, па не се реализираше трансфер.

И натаму Погба е голем желба, но шпанските медиуми се појавија информации дека Реал гледа кон Манчестер. Поточно, сега фокусот е насочен кон играчот на „граѓаните“, белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујн.

Според „Дон Балон“ Белгиецот не е во најдобри односи со Гвардиола и дека после коментарот на шпанскиот стручњак можно е да го напушти „Етихад“. Гвардиола рече дека Де Брујн секој викенд симулира во обид да изнуди пенал, а на тоа не му се допадна на белгискиот фудбалер.

Реал би морал да одвои огромни пари за негов ангажман, има договор со Сити до лето 2023 година. Иако впечатокот е дека на Реал му е потребен прав напаѓач, некој да ги надополни головите на екс играчот на Реал, главниот проблем е во средниот ред, недостатокот на креација и квалитетно завршно додавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот