Реал Мадрид го договори првото големо засилување, Ридигер ќе биде нов „крал“

Антонио Ридигер кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/Neil Hall

Челниците и навивачите на Реал Мадрид, се убедени дека првиот трансфер за следната година е веќе готов бидејќи клубот успеа да се договори со Антонио Ридигер, на кого договорот со Челси му истекува идното лето.

Според медиумите кои се блиски до Реал Мадрид како „Марка“ и „Ас“, Ридигер донел конечна одлука и кариерата ќе ја продолжи во Мадрид.

Голема улога во реализацијата на трансферот одиграл Тони Крос кој е добар пријател со Ридигер. Крос успеал да го убеди Ридигер дека трансферот во Реал Мадрид е можност која не смее да ја пропушти.

Ридигер со доаѓањето на Томас Тухел на клупата на Челси, стана еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата. Но, и покрај добриот однос со Тухел, Ридигер не успеа да најде заднички јазик со челниците на Челси и на лето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Се очекува трансферот и официјално да биде потврден на 1 јануари кога и официјално ќе започне зимскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот