Реал Мадрид е во предност, првото Ел Класико сезонава ќе се игра на „Сантјаго Бернабеу“

„Ел Класико“ е најголемото шпанско фудбалско дерби/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона во недела на 16 октомври од 16.15 часот на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ ќе го одиграат првото „Ел Класико“ оваа сезона.

Може да се каже дека датумот на мечот повеќе му одговара на „кралскиот“ клуб, кој сезонава не знае за пораз во шпанската „Ла Лига“, но и нема проблем со повредени играчи, за разлика од својот ривал.

Тренерот на Барса, Чави Ернандез нема да може да смета на неколку играчи кои имаат проблеми со повреди.

Роналд Араухо се повреди, поради што нема да игра за репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во Катар.

Мемфис Депај ќе биде надвор од терените околу еден месец, додека Жил Кунде е под знак прашалник.

Натпреварите во Лигата на нации ја осакатија Барселона, дури пет фудбалери се повредија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот