Реал Мадрид е новиот лидер во Шпанија (ВИДЕО)

twitter.com/realmadriden

Денеска во шестото коло од најсилната шпанска фудбалска лига составот на Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ со резултат 2:0 ја совлада Осасуна.

Во 36 минута после асистенцијата на Крос, еден прекрасен погодок за водство реализираше бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор.

Во 72 минута беше поставен конечниот епилог од страна на Родриго после додавањето на Касемиро за вкупно четврта победа сезонава.

Моментно на табелата „кралевите“ се на првото место со 14 бодови, еден повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид кој претходно триумфираше на гостувањето кај Мајорка.

https://twitter.com/LLangvinis/status/1176958064936792067

Интересен е податокот што е прекината серијата на Осасуна од четири мечеви по ред што ги заврши нерешено, а ова е само нејзиниот прв пораз. Претходно Легањес ремизираше 1:1 со Атлетик Билбао, а Валенсија со Хетафе (3:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот