Реал Мадрид драстично „ослабен“ пред Ел Класико! (ФОТО)

fcbarcelonanoticias.com

Најновите информации велат дека Реал Мадрид за традиционалното „Ел Класико“ најавено за 18 декември (20.00 часот, „Камп Ноу“) ќе игра без Еден Азар чија повреда е потешка отколку што се мислеше.

Најавите велат дека белгискиот интернационалец нема да биде на располагање кај Зинедин Зидан во наредните четири до шест недели, односно го очекуваме да се врати после Нова година.

Тој не е единствениот проблем на Зизу, бидејќи наредните неколку мечеви ќе ги пропуштат уште две звучни имиња, Марсело и Герет Бејл. Бразилецот и Велшанецот се под знак прашалник за настап на дуелот против Барса.

 

Наредната сабота Реал ќе игра против Еспањол, не е познато дали ќе игра Касемиро, кој е на еден жолт картон од суспензија.

Касемиро е клучна алка во играта на средниот ред, доколку добие жолт картон нема да игра со Валенсија. Но, доколку игра во Валенсија и ризикува на таа пресметка да добие жолт картон, нема да игра против Барселона.

После 14 одиграни натпревари, Барселона и Реал Мадрид го делат првото место со по 31 бод на табелата во најсилното шпанско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот