Реал Мадрид без трансфери во зимскиот преоден рок!

Раководството на Реал Мадрид нема да потпише нови играчи во зимскиот преоден рок, објави „Марка”.

Шпанскиот весник забележува дека тренерот Зинедин Зидан ќе се ослони на постојните фудбалери, а во нападот кој е „најпроблематичен” довербата ја дава на Еден Азар, Герет Бејл и се надева на напредок на Лука Јовиќ.

Претходно беше објавено дека „кралскиот клуб” повторно ќе се обиде да го донесе во Мадрид, играчот од средниот ред Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Оваа сезона, Реал Мадрид има 37 бода по 18 кола. Тој е два бода зад лидерот на табелата Барселона.

Во фудбалската Лига на шампионите во осминафиналето играчите на тренерот Зинедин Зидан ќе ги одмерат силите против Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот