Реал ќе извиси, Левандовски гледа кон Премиер лигата

Роберт Левандовски /Фото: EPA-EFE/Sebastian Widmanno

Баерн Минхен од лето ќе сврти нова страница, на клупата ќе седне суперталентираниот 33-годишен тренер Јулијан Нагелсман кој ќе има одврзани раце да направи реконструкција на тимот.
Главна цел на Нагелсман ќе биде подмладување на екипата, а тоа може да биде сигнал за заминување на Роберт Левандовски.
И самиот фудбалер најави дека сака нов предизвик во кариерата, негов сон е да го облече дресот на Реал Мадрид, но ЕСПН пренесува дека сериозен интерес за полскиот репрезентативец доаѓа од Премиер лигата. Челси и Манчестер сити се заинтересирани за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

Манчестер сити на крајот од сезоната ќе се раздели со Серхио Агуеро, а иако главна цел им е Ерлинг Халанд, менаџерот Пеп Гвардиола нема ништо против на „Етихад“ да пристигне Полјакот. Левандовски е далеку поевтина варијанта, неговиот трансфер би чинел околу 60 милиони евра, а Гвардиола би добил играч со кого работеше и многу добро ги знае неговите квалитети.

Од друга страна, Челси нема класичен напаѓач во својот тим, Тимо Вернер се покажа како тотално промашување додека Тами Абрахам на лето си оди од тимот. Менаџерот на Челси, Томас Туухел не би имал ништо против во својот тим да го види Левандовски, а оваа идеја му се допаѓа и на сопственикот Роман Абрамович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот