Реал како „фенерџија“ во Истанбул, Адеми со украински предизвик!

elespanol.com

После шокантниот пораз во шпанската „Ла Лига“ од Мајорка (1:0), вечерва од 21.00 часот фудбалерите предводени од тренерот Зинедин Зидан како последнопласирани во групата „А“ гостуваат во Истанбул кај Галатасарај во рамките од Лигата на шампионите.

Зидан чија клупа веќе се „тресе“ поради лошите резултати, на денешниот дуел во Истанбул нема да може да смета на услугите на Асенсио, Бејл, Лукас, Модриќ и Начо поради повреди.

Но, добра вест за францускиот стратег е враќањето на опоравените Тони Крос, Еден Азар (татко по четвртипат) и Дани Карвахал.

Во составот е и Лука Јовиќ, кого шпанските медиуми жестоко го критикуваат поради неефикасноста, односно сеуште се чека неговиот прв погодок сезонава во дресот на „кралскиот“ клуб.

Реал и Галатасарај седумпати се сретнале и никогаш не ремизирале, а учинокот е 4:3 за мадридскиот гигант. На дуелите каде што Галатасарај бил домаќин двапати триумфирал турскиот тим со ист резултат 3:2, а еднаш бил декласиран со 1:6. На „Сантјаго Бернабеу“ Реал славеше со 4:1, двапати со 3:0, а во УЕФА Суперкуп одржан во Монако Галата после продолженија со 2:1 ја совлада шпанската екипа.

Динамо Загреб на Аријан Адеми гостува во Харкив на украинскиот состав на Шахтјор Доњецк. Хрватите ќе се обидат да ја забележат втората победа во ЛШ, а под знак прашалник е настапот на македонскиот репрезентативец Адеми поради повреда на колено.

Лига на шампиони

3. коло, двојки –

Група „А“

Клуб Бриж-ПСЖ (21.00 часот)
Галатасарај-Реал Мадрид (21.00 часот)

Табела: ПСЖ 6 бодови, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1, Реал Мадрид 1.

Група „Б“

Олимпијакос-Баерн Минхен (21.00 часот)
Тотенхем-Црвена Звезда (21.00 часот)

Табела: Баерн Минхен 6 бодови, Црвена Звезда 3, Олимпијакос 1, Тотенхем 1.

Група „Ц“

Шахтјор Доњецк-Динамо Загреб (18.55 часот)
Манчестер сити-Аталанта (21.00 часот)

Табела: Манчестер сити 6 бодови, Динамо Загреб 3, Шахтјор Доњецк 3, Аталанта 0.

Група „Д“

Атлетико Мадрид-Баер Леверкузен (18.55 часот)
Јувентус-Локомотив Москва (21.00 часот)

Табела: Јувентус 4 бодови, Атлетико Мадрид 4, Локомотив Москва 3, Баер Леверкузен 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот