Реал ја прифати понудата, Варан се сели на „Олд трафорд“

Французинот посакува трофеи и со Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Манчестер јунајтед заврши уште еден голем трансфер во летниот преоден рок.

„Скај Спортс“ пренесува дека нов член на Манчестер јунајтед ќе стане францускиот репрезентативец, Рафаел Варан. Со денови се шпекулираше денот кога Варан ќе пристигне на „Олд трафорд“, но денеска се договорени сите детали од трансферот.

Двата клуба се договорија за висината за обесштетувањето, Јунајтед за трансферот ќе плати 50 милиони евра, а Варан го очекува четиригодишен договор со кој ќе заработува по 12 милиони евра по сезона.
За да се официјализира транферот потребно е Варан да ги помине лекарските прегледи, а тоа се очекува да биде до крајот на неделава.

Веста дека договорот конечно е постигнат ја потврди и поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд кој работи како стручен аналитичар за „Скај“.
– Какво големо засилување, каков одличен играч донесовме. Голема работа, успеавме. Мислам дека Варан е привлечен од проектот на Јунајтед  кој му изгледа подобар од тој на Реал. Донесовме елитен играч кој може да донесе рамнотежа во одбраната – изјави Фердинанд.
Рафаел Варан настапуваше за Реал Мадрид од 2011 година кога пристигна од Ленс и за „кралскиот клуб“ одигра 360 настапи и постигна 17 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот