Реал ја „краде“ желбата на Јунајтед!?

twitter.com/goal

Фернандеш (24) досега ги бранеше боите на Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски, а според португалските медиуми Реал сега влегува во борба со премиерлигашите за услугите на фудбалерот.

Од 2017 година за лисабонските „лавови“ имаше 66 натпревари и 31 погодок. Во кариерата настапуваше уште за Новара, Удинезе и Сампдорија.

Вредноста на играчот се проценува на 70 милиони евра, иако „кралевите“ овој преоден рок потрошија над 300 милиони за Еден Азар, Ферланд Менди и Лука Јовиќ, тренерот Зидан планира да го освежи средниот ред. И натаму Пол Погба останува најголемата желба на францускиот тренер, но никако да се дојде до договор, бидејќи Манчестер јунајтед бара 170 милиони евра.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез го мерка исто така и Дони ван де Беек кој заедно со Френки Де Јонг и Матијс Де Лихт имаше значајна улога во успехот на Ајакс обезбедувајќи полуфинале минатата сезона во Лигата на шампионите.

Веќе беше објавено дека по дуелот со Валенсија минатата сабота Фернандеш емотивно се збогуваше со навивачите на Спортинг, а се очекував недела да го има последниот меч за клубот во португалскиот Суперкуп против Бенфика, по што ќе се види дали ќе направи евентуален трансфер во Реал Мадрид, Манчестер јунајтед или некој друг клуб…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот