Реал избегна нов срам (ВИДЕО)

twitter/uefachampionsleague

По поразот во првото коло во ЛШ од ПСЖ со убедливи 0:3, фудбалерите на Реал Мадрид беа на добар пат да доживеат нова бламажа, овој пат на „Сантијаго Бернабеу“ каде по првиот дел имаа негатива од 0:2, но на крајот успеаја да извлечат еден бод.


Емануел Денис во деветтата минута му донесе водство на белгискиот тим, а 30. минути подоцна, истиот фудбалер го искористи киксот на Лука Модриќ и го замолкна „Сантијаго Бернабеу“.
Во второто полувреме доминираа „кралевите“ и по десет минути игра успеаја преку капитенот Серхио Рамос да намалат на 1:2. Доминацијата на Реал беше јалова се до самиот финиш кога на пет минути до крајот на средбата Каземиро успеа да погоди и да донесе еден бод за Реал.

Во вториот натпревар од 19 часот, Шахтјор со голот на Соломон во 95. минута ја победи Аталанта.
Претходно, Аталанта поведе преку Дуван Запата во 28. минута, а во 41. минута Мораеш донесе израмнување за украинскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот