Реал и Манчестер јунајтед на лето ќе се тепаат за српски репрезентативец

Евентуалниот несупех со необезбедување на пласман во Лигата на шампионите за Лацио ќе значи дека на лето ќе мора да го продава својот најдобриот фудбалер.

Веќе неколку години се зборува за заминување на Сергеј МИлинковиќ-Савиќ од Лацио, но српскиот репрезентативец досега успеваше да им одолее на шпекулации и понудите на најголемите екипи и да остане верен на „лацијалите“.
Но, се чини дека летово Милинковиќ-Савиќ на лето најверојатно ќе си оди од Лацио и за него ќе се „тепаат“ едни од најголемите клубови на светот, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Весникот „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милинковиќ-Савиќ на лето би можел да премине во Реал Мадрид. Највлијателниот спортски весник во Италија, управата на „кралевите“ веќе тајно преговара со претседателот на Лацио, Кклаудио Лотито.
Наводно Перез го сака Милинковиќ-Савиќ на „Сантијаго Бернабеу“ како замена за Лука Модриќ кој има 36 години и поради тоа е подготвен да понуди околу 70 милиони евра. Лацио наводно бара 10 милиони евра повеќе.
Доколку не успее да дојде до договор со Лацио, Реал Мадрид има резервен план, а тоа е фудбалерот на Рен, Едуардо Камавинга.

Бараната сума е подготвен да ја плати Манчестер јунајтед кој доколку дојде до потпис со српскиот репрезентативец тогаш ќе му даде зелено светло на Пол Погда да си замине од „Олд трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот