Реал и Челзи се договорија околу цената на Азар

EPA-EFE/WILL OLIVER

Како што пренесуваат британските медиуми, луѓето од „Сантјаго Бернабеу“ ќе платат 100 милиони евра за услугите на белгискиот репрезентативец.

Азар долг период беше желба на претседателот Флорентино Перез и без сомнение ќе биде големо летно засилување во редовите на Зидан.

Белгиецот сезонава го подигна трофејот во Лига Европа по триумфот во финалето над Арсенал и на еден шампионски начин најави разделба со Челзи.

„Кралевите“ одлучија да менуваат во составот после очајната сезона. Од претходно се обезбедени услугите на Едер Милитао, Родриго и Лука Јовиќ.

За уште неколку звучни играчи се шпекулира трансфер во Реал, меѓу нив се Пог Погба и Кристијан Ериксен, но се уште без конкретни информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот