Реал и Барселона отворија фронт и во кошарката, „бандата глувци“ подготвува одмазда

EPA-EFE/Javier Lopez Hernandez

Реал Мадрид со 86:76 ја победи Барселона по втор сезонава но се отвори нов фронт во „војната“ помеѓу најдобрите два спортски колективи во спортот. За време на средбата, домашните навивачи секој контакт со топката на Никола Миротиќ го проследуваа со свирежи бидејќи не можат да му простат што наместо да се врати во нивниот клуб, тој по НБА епизодата потпиша за најлутиот ривал.

Однесувањето на навивачите го вознемири шпанскиот репрезентативец кој порача дека може кариерата да ја заврши во Барселона.

– Ќе дојдат тие, ќе дојдат. Ќе видиме кој последен ќе се смее кога кариерата ќе ја заврѓам во Барса – изјави веднаш по средбата.

Атмосферата дополнително беше подгреана уште пред почетокот на средбата кога лекарот на „кралскиот“ клуб, Мигел Анхел Лопез Андрадес е фатен на видео снимка како Барселона ја нарекува „најголема банда на глувци во Европа“.

„Ве чека натпреварот против најголемата банда на глувци во Евролигата“, ги мотивираше лекарот Андрадес кошаркарите на Реал.

Веднаш штом се појави видеото со мотивацискиот говор на лекарот Андрадес, од таборот на Барселона најавија дека со нетрпение ја очекуваат новата меѓусебна средба во „Блауграна“ каде противникот го очекува пеколна одмазда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот