Реал го олади Јунајтед, бара половина милијарда за откритието на сезоната

твитер

Најголемите европски екипи не мируваат за време на паузата и се подготвуваат за летниот преоден рок.

Фудбалот во Европа е суспендиран поради пандемијата на коронавирусот, но тоа не ги попречува екипите во составувањето на тимовите за наредната сезона.

За очекување е еден од најактивните во преодниот рок да биде англискиот Манчестер јунајтед кој планира да потроши богатство на нови играчи со кои ќе се врати во битката за трофеите.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер, како една од примарните мети за преодниот рок покрај Џејдон Санчо, го означи и младиот фудбалер на Реал Мадрид, Феде Валверде.

Валверде е откритие на сезоната во Ла Лига, тренерот Зинедин Зидан има голема доверба во младиот Уругваец и веќе го вметна во првиот тим на сметка на Лука Модриќ.

Солскјер беше сериозно заинтересиран за Валверде се додека управата на Јунајтед не се јави во Мадрид за да преговара околу трансфер:
„Го сакате Валверде? Нема проблем, платете 500 милиони евра и ваш е“, им порача првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез.

Перез исто како и Зидан нема намера да се откаже од 22-годишниот Валверде во кого гледа носител на играта на Реал Мадрид во наредната деценија.

Поради тоа Перез лесно се договори за продоложување на соработката со Валверде до 2025 година, а во договорот беше вметната откупна клаузула од 500 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот