Реал го договори првото засилување за лето 2020!? (ФОТО)

фото: твитер

Нов играч на „кралскиот“ клуб ќе биде фантастичниот холандски играч за врска, Дони ван де Бек со кој веќе скоро е сè договорено околу преселба на „Сантјаго Бернабеу“.

Овој 22-годишен фудбалер и оваа сезона игра одлично во дресот на Ајакс. Но, дојде време и за негова продажба, а според „Де Телеграаф“ сите услови се успешно завршени меѓу Ајакс, Реал и играчот.

Великанот од Амстердам за неговите услуги треба да добие сума од 55 милиони евра, а засега не се познати деталите околу договорот кој треба да го потпише Ван де Бек.

Сепак, нема дилеми дека договорот се очекува да биде богат, а младиот играч за врска ќе има можност да настапува за еден од најдобрите фудбалски клубови во светот.

Од 2015. година е член на Ајакс со 106 мечеви и 25 погодоци, кариерата ја започна во Јонг Ајакс. За најдобрата холандска репрезентација досега има вкупно девет одиграни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот