Азар конечно оди во Реал

EPA-EFE/ANDY RAIN

Флорентино Перез конечно ја доби „војната“ за Еден Азар. Белгискиот репрезентативец во понеделник, на 3 јуни официјално ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид, јавува „Ас“.
Според неоофицијалните информации, Челси ќе доби 113 милиони евра како обесштетување, додека дополнителни 17 милиони евра се предвидени како бонуси.

Самиот фудбалер, кој конечно ќе заигра во омилениот тим, ќе потпише четиригодишен договор кој ќе му носи дури 450.000 евра неделна плата.
И двата клуба, чекаат да се одигра финалето во Лигата на Европа, во кое вечерва, Челси игра против Арсенал.
Челси кој се наоѓа под суспензија од страна на УЕФА, веќе ја обезбеди замената за Азар, тоа е Кристијан Пулишиќ кој доаѓа од Борусија Дортмунд.

Според весникот „Ас“, по Азар, следен кој ќе биде претставен на навивачите на Реал Мадрид, ќе биде Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт. Трансферот е веќе договорен, Ајнтрахт ќе добие 60 милиони евра, и се чека да поминат квалификациските натпревари на почетокот од јуни за да биде официјализиран транасферот..

Перез веќе се наоѓа во завршна фаза од преговорите со Олимпик Лион за ангажман на левиот бек Ферлан Менди. Се очекува трансферот да изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра. Менди исто како и Јовиќ, по репрезентативните настапи ќе биде промовиран во ново засилување на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот