Реал едвај го победи Ваљадолид, Винисиус Жуниор погоди за три бода (ВИДЕО)
Фудбалерите на Реал Мадрид едвај го совладаа Ваљадолид со минимални 1:0 во рамките на четвртото коло од Ла Лига.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, вообичаено на стартот од сезоната прави чести измени во тимот, и овој пат шанса да заигра во првата минута доби Лука Јовиќ кој не ја искористи.
„Кралевите“ беа подобар тим на теренот, но никако не можеа да го пронајдат патот до мрежата на гостите. Сепак, во второто полувреме, Винисиус Жуниор успеа да постигне гол во 65. минута, а на крајот се покажа дека тоа беше и конечен резултат.
Бразилецот најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник откако играчот на Ваљадолид во обид да ја исфрли топката пред Бензема, му асистираше на Винисиус Жуниор кој биеше прецизно за минимален триумф на неговиот тим.