Реал е „газда“ во Мадрид

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерите на Реал Мадрид во градското дерби со 2:1 го совладаа Атлетико Мадрид и го задржаа перфектниот учинок во новата сезона во Ла Лига.

Реал Мадрид по шест кола во Ла Лига има перфектни шест победи и се врати на првото место на табелата, додека Атлетико Мадрид е седми на табелата со осум бода помалку од градскиот ривал.

Иако фудбалерите на Атлетико Мадрид подобро го започнаа натпреварот и доминираа на „Ванда Метрополитано“, првото полувреме заврши со предност на актуелниот европски и шпански шампион. Резултатот го отвори Родриго во 18 минута по одличната асистенција на Чуамени, а на 0:2 зголеми Федерико Валверде.

Во второто полувреме, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне се обиде со измени да го пробие бункерот на Реал, прво влегоа Мората и Куња, па Кореа, но домаќините беа прилично безопасни пред голот на Куртоа.

Единствено што успеаја да направат домашните фудбалери беше да го намалат резултатот во 83. минута со голот на Хермосо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот