Ништо од големиот трансфер, Мбапе останува „светец“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Реал беше подготвен да плати неверојатни 220 милиони евра за Мбапе

Францускиот гигант ПСЖ во овој летен преоден рок покажа мускули пред Реал Мадрид, одбивајќи да продаде една од своите sвезди во екипата, Килијан Мбапе, и покрај страшната последна понуда од 220 милиони евра.

„Кралевите“ беа подготвени да ја испратат таквата сума за 22-годишниот одличен напаѓач, но парижаните не ја прифатија и не го пуштија својот играч, тврди „Скај Спортс“.

Нема да има договор во овој преоден рок бидејќи ќе се затвори за неколку часа.

Опциите за Парижаните се да го продадат Мбапе во текот на следната зима или тој да замине без пари следното лето 2022, кога ќе му истече договорот.

Понудите за Мбапе започнаа со 160 милиони евра, кои ПСЖ ги одби. Понудата неколку пати беше подобрена од Мадрид за на крајот да стигнат до овој ќорсокак.

Официјално: Камавинга шест години во Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот