20.8 C
Скопје

Реал, Барселона и Јувентус најавуваат „војна“ со УЕФА: Суперлигата кога-тогаш ќе се реализира

Екипите на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбија да се откажат од идејата за ново формирање на европска Суперлига и најавија дека се подготвени да влезат во војна со УЕФА. Трите клуба се огласија со заедничко соопштение во кое тврдат дека европската Суперлига ќе го спаси фудбалот.

УЕФА вчера објави дека се договори со деветте клубови кои се откажаа од Суперлигата, а планира да ги казни клубовите кои и понатаму остануваат на идејата да се формира „лигата на богатите“, а тоа се Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Како дел од можната казна се разгледува опцијата за двегодишна забрана да играат во Лигата на шампионите.

Поради тоа, трите клуба објавија заедничко соопштение во кое тврдат дека се под голем притисок но и дека Суперлигата кога-тогаш ќе се реализира.
„Клубовите основачи беа и се уште се под голем притисок и закани од трети лица за да се повлечат од проектот и со тоа да се откажат од своето право да даваат конкретни предлози низ конструктивен дијалог. Тоа е неподносливо од правен аспект и правдата уште сега е на страната на Суперлигата наложувајќи им на ФИФА и УЕФА да се воздржат од било каква акција која на било кој начин да ја запрат иницијативата“, стои во соопштението.

Клубовите потоа наведуваат дека Суперлигата беше формирана со цел да биде решение за актуечната ситуација во фудбалот која е неодржлица и дека биле подготвени конструктивно да разговараат и со УЕФА и со ФИФА. Исто така наведуваат дека без согласност на двете Федерации, Суперлигата не би можела да биде формирана, но тие одбиле да разгоговараат на оваа тема.
Потполно сме свесни за ралзичните мислења поради Суперлигата и поради тоа моравме да размислиме за причините кое не донесоа до тука. Подготвени сме да го преиспитаме предложениот пристап. Меѓутоа би биле крајно неодговорни доколку свесни на потребите и економската криза во фудбалот ја напуштиме мисијата на пружање ефикасни и одржливи егзистенцијални прашања кои му се закануваат на фудбалот“.

Поврзани вести

Ериксен од болница испрати нова порака, наскоро доаѓа на стадион

Слободен печат

Д-р Мехмедовиќ: Индиската варијанта на коронавирусот доведува до гангрена, ампутации на стапалата и губење на слухот

Мирослава Бурнс

МЗ: „Астра-Зенека“ во земјава и понатаму ќе се дава на постари од 60 години

Мирослава Бурнс

Стојкоски: Политиката на САД става јасно до знаење дека враќање назад од Договорот од Преспа не може да се случи

Слободен печат

ВИДЕО | Билјана Јуруковска: Сакам да покажам една поинаква Африка, ме фасцинира креативноста и убавината на тие луѓе

Слободен печат

Борисов: Замислете си дека сте Македонци и дека соседот ве блокира

Катерина Блажевска

Остави Коментар