Реакцијата на Симеоне после елиминацијата на Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

фото: твитер

Лајпциг направи големо изненадување со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите после вчерашната победа од 2:1 против Атлетико.

Германците ќе го бркаат своето исто историско финале против ПСЖ кој ќе ја има фаворитската улога, но играчите на Јулијан Нагелсман покажаа дека можат да бидат рамноправни и во вакви големи натпревари.

На спротивната страна тренерот на мадридската екипа, Диего Симеоне беше свесен дека неговите фудбалери беа фаворит на хартија, но и дека истото треба да се потврди и на теренот.

Во својата клупска историја „јорганџиите“ немаат освоено титула во ЛШ, во ова натпреварување трипати беа финалисти во 1974, 2014 и 2016 година.

Симеоне досега со клубот успеа по еднаш да дојде до еден трофеј во „Ла Лига“, Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп, и по две титули во Лига Европа и УЕФА Суперкупот.

Моите играчи го дадоа максимумот, но не успеавме да ја наметнеме својата игра. Противниците беа побрзи, морам да признам дека ми се допаѓа ентузијазмот кај играчите на Лајпциг и нивната свежина со која играа на теренот. Заслужено триумфираа и им честитам за пласманот во полуфиналето – беа зборовите на Симеоне после натпреварот.

ЛШ: Лајпциг испишува историја, во полуфиналето „бикови“ против „светци“! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот