Реакцијата на Мурињо е хит: Погледнете како реагираше кога слушна критики на ТВ (ВИДЕО)

Жозе Мурињо / Фото: EPA-EFE/GLYN KIRK

Жозе Мурињо од ноември 2019 година е главен тренер на англискиот премиерлигаш Тотенхем, а ексцентричниот Португалец не пропушта да ја забавува јавноста но и фановите.

Последниот негов потег стана хит на социјалните мрежи, а се случи за време на емитувањето на документарниот филм „All or Nothing: Tottenham Hotspur“ во кој станува збор за турбулентната сезона за премиерлигашот.

Во сцената која е документиран неговиот прв ден како тренер на Тотенхем, Мурињо седи во својата канцеларија, а на телевизија има емисија на која главна тема е заминувањето на Маурицио Покетино и доаѓањето на Португалецот.

Муруњо на почеток мирно ги слуша критиките, но во моментот кога слушна дека „Најдобрите денови на Мурињо се минато“, стана и го изгаси телевизорот и упати сочна пцовка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот