Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за Заев: Очаен, осамен и арогантен олигарх кој од петни жили се држи за фотелјата

Фото: Архива на „Слободен печат“

Премиерот Зоран Заев вечерва гостуваше во Дневникот на ТВ Сител по што следуваше реакција во вид на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое лидерот на СДСМ е опишан како „очаен, осамен и арогантен олигарх кој од петни жили се држи за фотелјата, користејќи брутални лаги“.

– Штом зине, веднаш ќе излаже. Наспроти розевите очила и неговите лаги реалноста изгледа вака: Македонија е петта во свет по смртност од ковид-19 според „Франс прес“. Македонија со Заев е хибриден режим што е потврдено од „Фридом хаус“ и трета најсиромашна држава на европскиот континент, според ЕУРОСТАТ. Македонија е најнесреќна земја во светот потврдено од агенцијата „Галуп“, се наведува во дописот на опозициската партија.

Заев, според ВМРО-ДПМНЕ, се расрфла со бројки и, како што стои во соопштението, „призна дека ја лажел јавноста кога велеше дека во преговори со Полска и со Австрија ќе обезбеди вакцини против корона. И сега наместо општа вакцинација ќе се вакцинира бројка колку што има жители во едно Злетово.

– Потоа Заев призна дека директен проблем во разговорите со Бугарија не е само јазикот туку комплетните идентитетски обележја на народот и Македонија. Заев призна дека преговара за идентитетот. Оттука е нејасно зошто Заев сè уште преговара кога на маса е идентитетот. Заев е осамен во неговата намера за реформи на наставните програми, откажувајќи се од предметот историја што е анационален потег кој го осудија сите релевантни општествени субјекти, обвинува опозицијата.

Заев: Попис мора да има, предвремени избори ќе нема за да не и земаме време на државата

Што се однесува за пописот, се прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, каков е тој инклузивен попис за кој говори Заев во кој власта не прифати ниту еден амандман на опозицијата.

– Илузорно е да се верува дека една Германија, Шкотска и Ирска кои го одложија пописот поради корона-кризата, се помалку спремни од најнеспособната влада на Зоран Заев. Тоа јасно говори дека Заев е подготвен за нов фалсификат кој нема да биде признаен од ВМРО-ДПМНЕ, јасно посочувајќи дека доколку Заев еднострано продолжи да го турка овој фалсификат, се што е во надлежност и на располагање на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи да го девалвира овој политички попис, најавуваат од опозициската партија.

Што се однесува до анкетите, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека „Заев може минимално да води само на анкети за кои плаќа 33 милиони евра како што беше последно објавената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот