Реакција на СЗО по прекинот на тестовите на Оксфорд: Безбедноста на вакцините е на прво место

Фото: EPA

Безбедноста на потенцијалната вакцина за коронавирусот е на прво место, изјави денеска главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан откако беше прекинато клиничкото испитување на вакцината од Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“ поради сомнежи дека кај еден доброволец дошло до несакани ефекти.

Сваминатан рече дека тоа што се зборува за брзина не значи дека треба да се прават компромиси или да се оди по кратенки за она што би се проценувало во нормални услови. Таа додаде дека процесот треба да помине низ „правилата на игра”.

– За лекови и вакцини што се даваат на луѓе, пред сè, мора да ја тестирате нивната безбедност, нагласи Сваминатан.

Конечното клиничко испитување на вакцината против Ковид-19 што заеднички ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“ беше прекинато, откако еден од учесниците во тестирањето имал лоша реакција.

„АстраЗенека“ го опиша прекинот на тестирањето како вообичаена пауза во случај на „необјаснета болест”, пренесува „Би-Би-Си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот