Реакција на српскиот министер Вулин: Ако иконографите се неважни, што не се фотографирала Шекеринска и со кукаст крст

фото Архива

Вулин го критикуваше конкретно и одговорот на Шекеринска дека „иконографиите не се репер за добро управување“, туку „најважно е дали политичарите им служат на граѓани“:

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја критикуваше својата македонска колешка, министерката Радмила Шекеринска, за фотографијата со симболите на ОВК во кабинетот на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, како и нејзиното образложение, во кое таа порача дека во 2020-та иконографиите се неважни.

Во официјалното соопштение од српското Министерство за одбрана, Вулин за ваквото објаснување на Шекеринска вели дека е подеднакво лицемерно како кога би се сликала под знамето на Исламска држава и би зборувала за верска толеранција:

Фото: Screenshot/Facebook

„Да се фотографираш под знамето на таканаречената ОВК и да речеш дека тоа е неважна иконографија е како да се сликате под знамето на Независна Држава Хрватска (НДХ) и да кажете дека е во прашање ретро моден правец“, изјави Вулин. Вулин го критикуваше конкретно и одговорот на Шекеринска дека „иконографиите не се репер за добро управување“, туку „најважно е дали политичарите им служат на граѓани“:

„Ако протокот на времето е доволно оправдување за сѐ да се заборави и знамињата под кои се правени ѕверства да не се веќе важни, тогаш прашувам, зошто министерката Шекеринска не би се сликала под кукаст крст и би објаснила дека поминале 75 години од оружените судири и дека сега е време за добро управување“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот