Реакција на соопштението на Здружението на штедачи на „Еуростандард банка”

Откако утрово Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка ја обвини гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска за инволвираност со пропаѓањето на банката, со реакција се јавија од Народна Банка на РСМ кое го пренесуваме во целост:

Народната банка и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, целосно ги отфрлаат неточните наводи и квалификации во соопштението на Здружението на штедачи за начинот на постапување на Народната банка и гувернерката во случајот на „Еуростандард банка”.

Како што беше укажано во повеќе наврати досега, Народната банка, врз основа на наодите на супервизорските тимови, има изречено голем број супервизорски мерки кои биле соодветни на состојбите во банката. Конкретно, од 2013 година, па сѐ до одземањето на дозволата во август 2020 година, изречени се околу 70 супервизорски мерки.

Само во последните две години, откако гувернерката Ангеловска-Бежоска ја извршува оваа функција, изречени се околу 40 супервизорски мерки. Напоменуваме дека Народната банка не одобрува кредити, туку тоа го правеле органите на „Еуростандард банка”. Токму поради констатиран зголемен кредитен ризик од кредитите одобрени од овие органи на Банката, за да го заштити нејзиниот биланс, Народната банка побара да се изврши докапитализација на Банката. Исто така, побарана и направена беше целосна промена на органите на Банката.

Не е точно тврдењето дека Народната банка и гувернерката имале докази за перење на пари од страна на Банката и за тоа не ги известиле надлежните органи, како и дека тоа првпат е сторено по затворањето на Банката. Напротив, Народната банка за сите индиции во овој домен навремено ги известила државните органи кои имаат надлежност и експерти за утврдување и натамошно постапување.

-И во оваа прилика потсетуваме дека сите релевантни меѓународни финансиски институции и домашни експерти посочија дека Народната банка, како професионална и независна институција, во случајот на „Еуростандард банка”, постапила соодветно и навремено.

Оштетените штедачи прашуваат: Дали гувернерката Бежоска добро знаела дека се краде во Еуростандард банка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот