Реакција на новоформираните тутунски здруженија: Остана неоткупен тутун, субвенции нема

Тутунари Македонија
Тутунари / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Има неоткупен тутун во целата држава, не знаеме како ќе бидеме обесштетени со ковид-мерките, а на прагот на новата реколта сме без субвенции и ја почнавме на вересија, реагираат денеска четирите новоформирани тутунски здруженија.

Според координаторот на здруженијата, Игор Мирчески, производителите не се согласуваат со тоа што го кажал премиерот на собраниската говорница.

– Во целава држава останаа околу 1 000 тони неоткупен тутун. И не само во Долненско и Прилепско. Годинава не се исплатени субвенциите во април. Новата реколта тутунарите првпат ја почнаа без субвенции, на вересија и со зголемени трошоци во просек за 30 отсто поради зголемените цени на нафтата, ѓубривата и на препаратите. Не знаеме на каков начин тутунарите ќе се исплатат од петтиот КОВИД-пакет. Не може да се достигне цена за тутунот од 185 денари, како што ни беше ветено и најавено, со по 10 денари од КОВИД-пакетот и со просечната цена од 159 денари за килограм, изјави Мирчески.

Новоформираните здруженија бараат во решавањето на состојбите активно да се вклучи и Сојузот на земјоделските здруженија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот