Реакција на Филипчев: Маленко лажно известува, имаме документи кои го докажуваат спротивното!

Слободен печат

Откако Александар Маленко демантираше дека добил условна казна затвор, веднаш дојде и реакцијата од претседателот на Националната пливачка федерација.

Александар Филипчев информира дека по давањето на лажни известувања во медиумите на обвинетиот Маленко и со цел да се запознае пошироката јавност со вистината, во продолжение доставува документи со кои се докажува токму спротивното од изјавите на обвинетиот.

Филипчев ја објавува пресудата која вели дека на обвинетиот Александар Маленко од Охрид му се утврдува казна затвор во траење од три месеци и судот истовремено одредува дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

– Обвинетиот на 20.06.2019 година во име на правното лице Пливачка федерација на Северна Македонија издал исправа до Генералниот секретар на КОМЕН КУП, технички секретар на КОМЕН КУП во Бургас техничка организација пливачка федерација на Бугарија со кои го одјавил тимот на натпреварувачи кој се состои од Блажевска Еминова Миа – пливач спортист и Илија Стојановски – тренер, кои биле делегирани од страна на Националната пливачка федерација Скопје, на која исправа своерачно се потпишал и кон својот потпис додал дека има положба – претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија иако знаел дека го нема тоа својство затоа што бил сменет од претседателската функција на Федерацијата со решение 07.06.2019 година на Централниот регистар на РСМ.

Врз основа на вака утврдената фактичка состојба, судот најде дека во дејствијата на обвинетиот Александар Маленко од Охрид, се содржавни битните елементи на кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправи од чл.379 ст.1 т.4 в.в. со чл. 378 ст.1 од Кривичниот законик, а со оглед да цитираните доказисе доволни врз основа на нив да се донесе пресуда со издавање казнен налог, односно судот одлучи како во изреката на пресудата – стои во пресудата на Основниот Кривичен суд Скопје.

Демант од ПФСМ на написот „Условна казна затвор за Маленко“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот