Европската комисија (ЕК) изрази несогласување со поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кон пред неколку дена рече дека доколку на Косово не му се овозможи напредок кон членството во ЕУ, НАТО и ОН, ќе биде организиран референдум за обединување на таканаречена „голема Албанија“.
Од ЕК порачуваат дека политичките лидери во регионот мора да промовираат добрососедски односи и да ги поддржуваат европските вредности.
-Политичките лидери во регионот треба да даваат пример во промоција на клима на меѓусебна доверба и да негуваат добрососедски односи, регионална соработка и принципи и вредности за кои се залага ЕУ, велат од ЕК за Танјуг.
Исто така, се додава дека тоа се однесува и на периодот на изборната кампања во која моментално се наоѓа Косово.
Европски дипломатски извори, пренесува Танјуг, напоменуваат дека не сакаат да коментираат „слични изјави“ и со тоа да им „даваат значење“ на оние кои ги користат во политички цели.