Реакција на другите судии: Овие мали влечења не се причина да се досуди пенал!

Фото: Твитер

Реал Мадрид денеска во „Ел Класико“ одиграно на „Камп Ноу“ успеа да ја совлада Барселона со конечен резултат 1:3.

После завршувањето на натпреварот доста се зборуваше за пеналот кој главниот судија Мартинез Мануера го досуди за „кралевите“ преку кој Серхио Рамос реализираше за 2:1 и беше клучен момент за крајниот епилог.

Мануера доби бројни критики, а неговиот поранешен колега Андухар Оливер кој работи како стручен консултант за „Радио Марка“ тврди дека немаше пенал.

– Ваквите мали влечења не се причина да се свири пенал. Вака би се суделе 40 пенали по натпревар – се зборовите на Оливер.

Се жалеа и од редовите на Барселона за ваквата одлука, но на крајот Каталонците се помирија со поразот од големиот ривал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот