Реакција на „Анима мунди“ за приведувањето на момчето кое го шетало кучето

Здружението за заштита на животни „Анима мунди” реагира на приведувањето на момчето кое вчера, за време на полицискиот час, излегло да го прошета кучето.

-Ние во ова гледаме демонстрирање сила и изживување врз тинејџер и неговиот миленик за што бараме итно идентификување на службените лица и нивно казнување. Во време кога луѓе по улици протестираат или ора играат и поминуваат неказнето, вака ли изгледа професионалноста на нашата полиција и сразмерната примена на мерки согласно полициските ингеренции во време на вонредна состојба, наведува „Анима мунди” во реакцијата.

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се споделуваше видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници како преземаат мерки за лишување од слобода на лице затекнато надвор од својот дом со миленик за време на ограничувањето на движењето. Вечерта, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил објави дека конкретниот случај е евидентиран, како и дека се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници. За исходот од проверките, напиша, јавноста ќе биде известена денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот