Реакција на Амбасадата на Русија во БиХ: Ќе реагираме ако влезете во НАТО

НАТО, Брисел / Фото: Архива

Русија ќе реагира доколку БиХ преземе чекори кон членство во НАТО, бидејќи Москва тоа ќе го протолкува како непријателски чин, соопшти руската амбасада во Сараево.

– Во случај на практично зближување на БиХ иа НАТО, нашата земја ќе мора да реагира на таквиот непријателски чин, се наведува во дописот што е објавен, како што се вели, по повод „реакција на бројни публикации што ги воздигнуваат предностите од членство на БиХ во НАТО“.

Во соопштението, како што пренесува Радио Слободна Европа, не е прецизирано на кои публикации се мисли. Исто така се наведува дека „целта на НАТО е борба против Русија“, а членството ќе го принуди официјално Сараево да заземе страна во воено-политичкиот спор“.

– Ги повикуваме пријателите во БиХ добро да размислат, да ги стават на кантар сите „за“ и „против“, да го земат во предвид мислењето на своите граѓани што е далеку од консензус по тоа прашање“, се порачува во соопштението.

Русија веќе подолго време се противи на влез на БиХ во западната воена Алијанса, а соопштението на Амбасадата доаѓа на еден ден по формирање на Комисија на БиХ за соработка со НАТО.

Задача на Комисијата е да утврдува приоритети во реализацијата на обврските што произлегуваат од учеството на БиХ во НАТО програмата „Партнерство за мир“ и од документите на Програмата реформи во БиХ, пренесе Радио Слободна Европа. Командантот, пак, НАТО штабот во земјата, бригадниот генерал Ерик Фоклестад, по контитутивната седница, нагласи дека сите одлуки во врска со Северноатлантсккот сојуз го носи државата БиХ.

Амбасадата на САД во Сараево, пак, го поздрави формирањето на Комисијата за соработка со НАТО, како и Програма реформи, што ги усвои Советот на министри на БиХ на седницата на 24 февруари.

Моментно БиХ учествува во Акциониот план за членство (МАП) и единствена земја е со тој статус по членството во НАТО на Македонија во март во 2020 година и на Црна Гора во јуни во 2017 година.

Интеграциите во ЕУ и во НАТО асе дефинирани како стратешки цели на БиХ. Но, босанските Срби, предводени од Милорад Додик, кој моментно претседава со тричленото претседателство на БиХ, се противат на членство во Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот