Реакциите во Србија за одлуката на „1 од 5 милиони“ да излезат на изборите

Лидерот на Социјалистичката партија (СПС) и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, изјави дека позитивно ја оценува одлуката на движењето „Еден од пет милиони“ да излезе на изборите, како и дека бојкотот пропаднал.

Во Србија не стивнуваат реакциите по вчерашната одлука на Здружението „1 од 5 милиони“ да излезат на пролетните избори, „за да ги спречат тројанците“ да влезат во Собранието.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е заинтересиран и дека не сака да зборува за тоа.

– Изборите се во април и народот ќе го каже своето, кој сака нека излезе. И не сакам да учествувам во тие претстави. Но, ако јас не можам тоа да го прифатам, а јас живеам 24 часа за мојата работа, тогаш кој знае што мислат другите за тоа, кажа тој.

Лидерот на Социјалистичката партија (СПС) и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, изјави дека позитивно ја оценува одлуката на движењето „Еден од пет милиони“ да излезе на изборите, како и дека бојкотот пропаднал.

– Тоа покажува колкава конфузија владее во опозициските редови и меѓу оние што го водеа народот да протестира, кажа Дачиќ.

За разлика од власта, ограноците на движењето „1 од 5 милиони” од Крушевац, Крагуевац, Ниш, Ужице, Пожаревац, Вршац, Младеновац, како и од Косово, се оградија од одлуката на белградскиот огранок, со став дека тие ќе ги бојкотираат изборите.

Од опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), лидерот на Движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, изјави дека кампањата за бојкот ќе „даде полн гас”, веќе од сабота, 1 февруари, на митингот во Белград за обединување на опозицијата, од кој потоа, „сите заедно”, ќе ја обиколат Србија.

Тој додаде дека е „небитно” што „помалиот дел” од движењето „Еден од пет милиони” најави излез на изборите.

– Бојкотот не пропадна, но станува посилен кога некој ќе ја издаде идејата за бојкот, затоа што тоа говори колку е исплашен режимот, изјави Обрадовиќ во српскиот парламент, наведувајќи дека „не постои релевантна опозиција која нема прогласено бојкот на изборите”.

Тој рече дека е недопуштено да се присвојува брендот „Еден од пет милиони” за да се излезе на изборите, затоа што тоа им „припаѓа на десетици илјади граѓани” кои веќе една година протестираат против власта, потсетувајќи дека на чело на протестната прошетка се носеше транспарентот „Бојкот”.

Белградското здружение „Еден од пет милиони”, кое ги организираше антивладините протести во главниот град и во десетици српски градови во текот на изминатата година, во вторникот соопшти дека ќе излезе на претстојните парламентарни избори и дека оваа одлука претставува прекин на соработката со дел од опозицијата, т.е. со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС) и Движењето за слободни граѓани (ПСГ), кои најавија бојкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот