Реакцијата на Зеленски на средбата Русија-САД: „Искрено, не ми е ни гајле“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше средбата меѓу американските и руските претставници во Ријад, нарекувајќи ја „разговори за Украина без Украина“. Да потсетиме, ниту еден украински функционер не беше поканет на преговорите.

Зеленски зборуваше на прес-конференција во турската престолнина Анкара, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Денес детално разговаравме за глобалните процеси кои би можеле да доведат до крај на оваа војна“, рече Зеленски, додавајќи дека разгледувале различни опции.

„За траен мир, важно е да не се прават грешки.

Тој нагласи дека „од суштинско значење е какви било разговори за завршување на војната да не се водат зад грбот на страните директно вклучени во неа“. За траен мир, рече тој, „важно е да не се прават грешки“.

„Сите страни мора да бидат на преговарачка маса – Америка, Европа и Украина“, заклучи Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави откажување на неговата посета на Саудиска Арабија, која првично беше планирана за утре.

Украинскиот лидер ја даде изјавата за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, пренесува Укринформ.

„Одлуките за тоа како да се стави крај на војната во Украина не може да се донесат без Украина, ниту може да ни се наметнат одредени услови. Не бевме поканети на оваа руско-американска средба во Саудиска Арабија – тоа беше изненадување за нас, како што верувам и за многу други.

Тврди дека за руско-американската средба дознале од медиумите.

„За средбата дознавме од медиумите. Не знам кој ќе остане таму, кој ќе замине или кој планира да оди. Искрено, не ми е ни гајле. Она што ми е важно е како нашите партнери не доживуваат. И ние сме апсолутно искрени и транспарентни. Не сакам никакви недоразбирања“, рече Зеленски, одговарајќи на прашање на новинар на Укринформ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот