Реакција на в.д. директорот Илиевски на Зоолошка: Не сум член на ниту една партија

Фото: Зоо Скопје
Јас Драган Илиевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа.
Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа, нагласува новоименуваниот директор Драган Илиевски, откако СДСМ ја повика градоначалничката Данела Арсовска, да одговори дали неговото назаначување е согласно законите.
-Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ. Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени, дециден е Илиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот