Реакција на СДСМ: За Арсовска и Славески покачувањето на минималната плата е „вештачко“ и „неморално“

Данела Арсовска/ Фото: Изборен штаб на Арсовска

На целокупната македонска јавност и е познато дека кандидатката за градоначалник Данела Арсовска заедно со поранешниот министер за финансии на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески беа најгласни против покачување на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари, реагираат од Градската организација на СДСМ.

-Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари како „вештачко зголемување на минималната плата”. Арсовска тврдеше дека „Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар”.

Арсовска доби гласна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во ставот против зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади. На истата ТВ дебата кога Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата како „вештачко”, нејзиниот сегашен носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески јавно предупредуваше „немојте да ја зголемувате минималната плата” и ја заплашуваше јавноста дека покачувањето на минималната плата ќе донесе „нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови”.

Данела Арсовска се уште смета дека зголемувањето на минималната плата е вештачко и дека не е добро, а Трајко Славески вчера кажа дека зголемувањето на платите било „неморално”. Има ли поголем апсурд од тоа што Данела Арсовска смета дека 15.000 денари плата не е достојна за живот, а беше против „вештачкото” зголемување на минималната плата од 9 на 15 илјади денари? Притоа, Арсовска ја дезинформира јавноста дека минималната плата доведувала до намалување на работни места, и тоа кога во моментов имаме најниска стапка на невработеност.

Нема ништо потрагично од тоа што Данела Арсовска зборува против олигарси, кога јавноста знае дека таа лично го има предложено олигархот Сеад Кочан за свој заменик во ССК. Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле глас на работниците и малите претпријатија, туку глас на урбаната мафија и олигарсите на Груевски.

Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле за „модерно Скопје”, туку за „Барокно Скопје 2014″ – токму фирмата на Сеад Кочан градеше милионски барокни фасади во „Скопје 2014″ и ја изгради катастрофалната фонтана-прскалка во центарот на Скопје за над 2.5 милиони евра!

Наспроти олигархијата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја покачи минималната плата и ја зголеми просечната плата за околу 100 евра и вети покачување на минималната плата на 300 евра од 1 јануари 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот