Реакција на Рама: Косово мора да разговара, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува 

Еди Рама / Фото: Скриншот, Бледски стратешки форум

 По одлуката на косовската влада да не ги признае српските регистарски таблички и одговорот на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој најави санкции против Косово, реагираше премиерот на Албанија, Еди Рама. 

Во објава на Твитер, Рама го оценува како правилен  проблемот што го поткрена Косово и според него реципроцитетот на регистарските таблички, што треба да се гарантира, треба да го избегне бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент, како што се случи со царината од 100 отсто. 

Рама нагласува дека Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува. 

-Косово со право го покренува прашањето. Сега кога проблемот ќе се реши и реципроцитетот на регистарските таблички ќе се гарантира, избегнувајќи го бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент (како што се случи со царината од 100  отсто). Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува , напиша Рама. 

На реакцијата на Рама веднаш реагираше третата по големина албанска политичка партија, опозициското Движење за социјалистичка интеграција. 

Партискиот потпретседател, Петрит Васили, му одговори на премиерот Еди Рама во „ врска со  солидарноста со Косово за реципроцитет на регистарските таблички со Србија”.  

Реципроцитет. Рама за Србија…како  секогаш. Еди Рама вели Косово треба да разговара, Србија да спроведе, ЕУ да посредува. Рама многу се плаши да и каже на Србија да спроведе а  од ЕУ да побара  да изврши притисок врз неа. Рама бара од Косово да разговара кога тоа има целосно право, напиша Васили на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот