Реакција на Националната мрежа против насилство за случајот со физички напад врз жена од Гостивар

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, реагира по однос на вчерашната објава во медиумите за случајот жена од Гостивар, која била физички нападната од поранешниот вереник и побараа итно постапување во согласност со законите и ратификуваната Истанбулска Конвенција.

Во соопштението се истакнува дека покрај веќе преземените чекори, односно обвинение за извршено кривично дело тешка телесна повреда, потребно е Меѓуопштинискиот центар за социјални работи – Гостивар да поднесе до Судот барање за изрекување на привремени мерки за заштита од насилство врз жени и семејно насилство, односно забрана за заканување, малтретирање, вознемирување, доближување, комуницирање и понатамошно вршење на насилство врз жртвата.

– Меѓуопштинскиот центар за социјална работа да стапи во контакт со жртвата и да и понуди бесплатна правна помош и да обезбеди психосоцијална помош и поддршка на жртвата, порачуваат од таму.

Воедно апелираат Министерството за здравство да и обезбеди бесплатна здравствена заштита на жртвата за лекување на повредите како и понатамошно лекување на, последиците на насилството;

– Очекуваме Основниот суд во Гостивар, кој е надлежен за водење на судски постапки за кривични дела поврзани со насилство врз жени, да постапи во најитен рок по ситеподнесени барања во врска со овој случај. Дополнилно, очекуваме дека Основниот суд во Гостивар ја разбира сериозноста на ова дело и ќе обезбеди соодветна односно највисока казна за сторителот, појаснуваат од Националната мрежа.

Од таму оценуваат дека доколку итно не се преземат дејствија за заштита, насилството може да продолжи во континуитет со поголеми последици за жртвата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот