Реагирајте на време: Првите симптоми на висок холестерол најчесто се јавуваат ноќе

Фото: Unsplash

Високиот холестерол стана главна грижа и една од најчестите болести во современиот свет.

Некои симптоми може да се појават во многу рана фаза, односно откако само што маснотиите ќе почнат да се акумулираат во артериите. Според лекарите, првите знаци на оваа состојба најчесто се јавуваат ноќе.

Избегнувањето третмани против високото ниво холестерол е една од главните причини за насобирањето наслаги во артериите. Тоа е знак за намалување на протокот на крв. д-р Адам Стејтен вели дека тогаш мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што може да резултира со состојба позната како периферна артериска болест.

„Тоа е истиот процес што води до срцев удар или мозочен удар, но со оваа состојба примарно се засегнати артериите на нозете, а нешто поретко и рацете“, додава д-р Стејтен.

Според Клиниката во Кливленд, првите знаци на висок холестерол кај периферната артериска болест се најчесто болка, грчеви и непријатност во нозете. Најчесто се јавуваат ноќе, нарушувајќи го сонот на човекот.

Во истражувањето вклучени и пациенти од Македонија: Ковид-19 причина за синдром на нервозно дебело црево и други нарушувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот