РДИФ бара од Словачка да ги врати вакцините „Спутник В“ поради кршење на договорот

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) денеска соопшти дека Словачка треба да ги врати дозите на „Спутник В“, кои ги добила од Русија поради кршење на договорот, откако словачката Агенција за лекови покрена прашања поврзани со вакцините.

РДИФ, кој е одговорен за пласман на вакцината во странство, на официјалната страница на Твитер објави дека испратил писмо со барање за враќање на вакцините.

Фондот, исто така, побара вакцините да бидат испратени во специјално овластена лабораторија за натамошно тестирање, откако словачката Агенција за лекови претходно објави дека вакцините кои ги добила се разликуваат од проверените од Европската агенција за лекови (ЕМА) и медицинското списание „Лансет”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот