Раззеленети улици во Дебар Маало со нови дрвја и грмушки

Фото: Општина Центар

На улицата Орце Николов, потоа во паркчето на улиците Тодор Александров и Благоја Давков, како и на улицата Радњанска во Дебар Маало, засадени се 16 нови дрва и 450 ниско грмушести растенија и перени.

 Зеленилото е особено важно за секоја општина и вложувањето во зелени површини е вложување во нашето здравје. Затоа би сакал да апелирам на внимателност од страна на возачите кога паркираат да внимаваат на овие нови садници кои често знаат да бидат прегазени и уништени – апелира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој информираше уште за една активност на Општина Центар – реконструкција на улицата Ристо Шишков кај Градски парк.

Следува гребење на стариот асфалт и поставување на 2286 метри квадратни нов асфалтен слој. На улицата која е во должина од 380 метри ќе бидат поставени и нови рабници на тротоарите. Работиме на подобрување на инфраструктурата за поголема безбедност за возачите и пешаците – вели Герасимовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот